Албанија бара итно мислење од Венецијанската комисија во врска со разрешувањето на претседателот Мета

Албанскиот законодавен дом, по предлог на анкетната комисија побара од Венецијанската комисија итно мислење околу разрешувањето на претседателот Илир Мета.
Во барањето кое е потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одовор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката по постапката што ја почна мнозинството за негово разрешување и формирањето на анкетната комисија.
Во барањето направен е и приказ на ситуацијата во земјата, почнувајќи од одредување на датумот на локални избори од страна на претседателот, ставот на опозицијата за откажување од мандатите, бојкотот на изборите од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција, судирите во изборните комисии и одбори во општините предводени од претставници на опозицијата, па се до 30 јуни, денот на изборите и формирањето на анкетната комисија за разрешување на шефот на државата.
Исто така, во документот е вклучен и податокот дека до Изборниот колегиум (изборен суд) една партија побарала да биде избришана од гласачките ливчиња и одлуката на колегиумот по тоа прашање.
На крај, албанскиот прв парламентарец, обраќајќи се директно до претседателот на Венецијанската комисија, Џиана Букуичио, замолува за што поитно мислење поаѓајќи од „чувствителноста состојбата во која се наоѓа земјата”.
Анкетната комисија во која поголемиот број членови се од редовите на владеачките социјалисти, иако е убедена во уставните прекршувања на шефот на државата, сепак на 16 овој месец одлучи да побара мислење од оваа специјализирана европска институција, која и помогнала на Албанија во сите важни законски иницијативи, вклучувајќи ја и реформата во правосудството.
Венецијанската комисија заседава само четирипати годишно, а следниот состанок е закажан на 11 и 12 октомври. Но, Венецијанската комисија од пред неколку месеци ја смени својата регулатива со додавање на посебен член во кој се предвидени мислења за итни прашања.
Ново на Сител
-

Македонија меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смрт кај деца под пет години
-

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица
-

Муцунски: Наш приоритет е отворањето преговори и што побрзо членство во Европската Унија
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
