Албанец убиен во Грција затоа што го бранел нашето право да бидеме Македонци
Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана, објави Лидер.
На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.
Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.
Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.
Извор: Лидер.мк
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО