Албанец уапсен на скопскиот аеродром
На Граничен премин „Аеродром Скопје“ вчера во 05:20 часот било приведено лицето Л.С.(23) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за фалсификување исправа.
На граничниот премин тој се пријавил да патува со италијанска лична карта и италијанска здравствена картичка на име Т.Б.Ј.(20). По извршена контрола било констатирано дека тој не влегол во Република Македонија со наведената лична карта, по што бил извршен преглед над него и му била пронајдена албанска патна исправа на име Л.С.(23) од Aлбанија.
Во разговор со полициските службеници тој кажал дека италијанската лична карта и здравствена картичка ги купил во Албанија за 1.000 евра, а влез остварил со албанската патна исправа.
Подоцна, тој бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.Ал
Ново на Сител
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
