Имено, тој скокнал на хаубата и почнал да ја удира шофершајбната додека преплашените луѓе гледале, а едно лице од автомобилот почнал да го снима нападот.
Албанецот кај себе имал некој вид ладно оружеј со кое успеал да ги скриши стаклото.
Кокедима успеал да се држи за автомобилот во движење околу 6 минути, се додека не наишло полициското возило, пишува Газетатема.
Кокедима е уапсен поради нападот, а подоцна шпанското семејство е примено од албанскиот министер за туризам и им се извинил за претрпените трауми.
Инаку, Кокедима и неговото семејство и претходно напаѓале туристи, а во 2017 година локалните власти му ја суспендираа дозволата за работа.
Меѓуто, тоа не го спречи и натаму да прима гости, а голем број од нив, како што покажуваат рецензиите на сајтот Трипадвајзор се жалеле на услугата, храната и однесувањето на сопственикот.