Алавес го отпушти тренерот Абелардо
Раководството на шпанскиот прволигаш Алавес му врачи денеска отказ на тренерот Абелардо Фернандез поради лоши резултати.
Алавес во последните 13 натпревари оствари само една победа, две нерешени и дури 10 порази во сите натпреварувања и е последнопласиран во Ла Лига со 23 бодови, три помалку од зоната која обезбедува опстанок во прволигашката конкуренција.
Абелардо се врати во Алавес пред два месеци, а претходно го водеше клубот неколку сезони. Под негово водство Алавес обезбеди опстанок во Ла Лига во сезоната 2017/18, а следната сезона го освои 11 место.
-Депортиво Алавес и Абелардо ги раздвојуваат своите патишта. Од овој понеделник, клубот и астурискиот тренер ја окончуваат врската која ги обедини во јануари, се вели во клупското соопштение.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра