Алан Жипе повикува на „грексит“ без драматизирање

Еден ден по масовно „не“ на Грците за планот на кредиторите, поранешниот француски премиер и еден од потенцијалните претседателски кандидати на опозицициските Републиканци, Ален Жипе побара од ЕУ да „организира“ излез на Грција од еврозоната „без драматизирање“ на работите, јави дописникот на МИА од Париз.
Според Жипе, доколку ЕУ се обиде да ја задржи Грција во еврозоната по секоја цена ќе го направи ранлив целиот систем. Така, според проценките Жипе, кој е градоначалникот на Бордо, излезот на Грција од еврозоната сега се чини „неизбежен или пожелен“.
- Грција и ЕУ мора да извлечат поуки од референдумот, смета Жипе.
Тој смета дека грчката Влада на Алексис Ципрас „е умешна во претворањето во жртва“. - Не се сомневам дека ќе најде многу сојузници во нашите медиуми, кај нашите економисти или на левото крило од левицата, за да ги обвини алчните доверители, додава Жипе во белешка објавена изутринава на неговиот блог.
- Не треба да се заборави дека ако грчката економија е таму каде што е, тоа е првенствено затоа што пред неколку години беше откриена конечно вистината за нејзините сметки и за големината на дефицитите и дека реформите кои требаше да бидат спроведени уште поодамна за да се модернизира даночниот и пензискиот систем не беа спроведени, додава Жипе.
Тој потсетива дека Грција има добиено „огромни суми“ од структурните фондови на ЕУ и добар дел од нејзиниот банкарски долг е избришан, со што ЕУ направила многу за да и помогнеме.
- Тоа, значи дека Грција веќе не е во можност денес да ја почитува дисциплината на еврозоната. Обидите да се задржи таму по секоја цена со ад хок аранжмани, ќе го ослабне целиот систем. Ние треба да и помогнеме да го органзира своето излегување, без драматиизџрање. Што не значи дека мора да ја напушти Унијата. Таа може, ако сака, да го задржи своето место како другите земји-членки кои не се приклучија на еврозоната, оценува тој.
Жипе, исто така, повикува да се извлечат поуки за еврозоната, која спорд него, направила грешки.
- Ние не можеме да функционираме со единствена валута без вистинска економска влада, способна да донесе брзи одлуки и да организира економска конвергенција на зоната. Постигнат е напредок на фискалниот и банкарскиот план. Но, сега треба да одиме понатаму во процесот на интеграција, вклучувајќи го и даночниот систем. Очекуваме силна иницијатива на Франција и Германија во таа насока, дидава Жипе.
Во однос на Франција, Жипе смета дека земјата „не може да продолжи да се доближува до долг од 100 проценти од БДП“. - Ако не успееме да го контролираме нашиот дефицит, најмалото зголемување на каматните стапки ќе не одведе кон фискална катастрофа. Затоа е потребна друга економската политика, заклучува Жипе.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
