Алаѓозовски: Не се издвоени личните од кумулираните трошоци во Министерството за култура
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека е дезинформација веста во јавноста дека потрошил речиси 9.000 евра за угостителски услугии и дека во наведениот износ не се издвоени неговите лични трошоци кои, рече, не надминуваат 6.000 денари месечно, од кумулираните трошоци во рамки на целото Министерство за култура.
- Расчленетите ставки од алатката за транспарентност беа прикажани како групен трошок и сите беа поднесени под графата: трошења во кафеани. Во алатката за транспарентност има три типа на трошоци - угостителски услуги во странство, угостителски услуги надвор од Министерството за култура и беа прикажани трошоците направени во бифето на Министерството за култура. Во бифето не постои исхрана, туку само пијалаци. Во таа смисла, постои спецификација и административните службеници имаат направено превид што ги немаат издвоено личните трошоци на министерот од кумулираните трошоци во рамки на Министерството за култура, рече Алаѓозовски во изјава за медиумите пред почетокот на јавната расправа за рестартирање на Музичката придукција на МРТ.
Додаде дека според одлуката за користење репрезентација во Министеството, министерот за култура ги потпишува и сите останати трошоци на, како што рече, десетина деловни и работни состаноци на работни тела, совети (Совет за култура и Совет за македонски јазик) и одбори за награди кои се случуваат во Министерството за култура.
- На тие состаноци јас не ни присуствувам, но јас ги парафирам, ги потпишувам нивните трошоци кои се најчесто за кафиња, вода и негазирани сокови, рече Алаѓозовски.
Во првите шест месеци од функцијата, посочи, имал зголемен број активности и контакти со гости - амбасадори, уметници и субјекти од културата.
- Поради тоа, овие трошоци на репрезентација се малку зголемени, но тоа воопшто не е нешто што е личен трошок на министерот. Неговите лични трошоци не се ни по 6.000 денари месечно за период од овие шест месеци, истакна министерот за култура, додавајќи дека, сепак, се зборува за кафиња и вода а не, како што рече, за тајни сметки направени во ексклузивни ресторани и во хотели во странство.
Во таа смисла, рече, во однос на минатата влада, најмалку за трипати се рационализирани трошоците за патувања во странство и најмалку за двапати во однос на трошоците надвор од објектите на Министерството.
Поради ова недоразбирање во јавноста, рече Алаѓозовски, во Министерството за култура ќе воведат построг правилник за користење на безалкхолоните пијалаци со цел и износот на таа фактура да биде понизок.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска