Свет
14. October 2017 - 9:20

Ал Арабија: Сирискиот град Рака е целосно ослободен од ИД

Сирискиот град Рака е целосно ослободен од присуството на џихадистичката група Исламска држава, објави телевизијата Ал Арабија.

Рака беше главното упориште на ИД во Сирија.

Според Ал Арабија, последните џихадисти кои останале во градот и се предале на курдско-арапската коалиција Сириски демократски сили, која е поддржана од САД.

Операцијата за преземање на Рака започна на 6 јуни.