Живот
27. September 2018 - 13:59

Актон: Закерберг не е лош човек, ама е дел од добар бизнис-тим

Соосновачот на Ватс-ап, Брајан Актон, пред извесно време одлучи да го напушти Фејсбук, па сега за својот шеф Марк Закерберг тој вели дека „не е лош човек, ама е дел од добар бизнис-тим“.

Од самиот почеток на соработката, тие имале несогласувања. Според Актон, одговорните во Фејсбук сакале апликацијата Ватс-ап да им покажува реклами на корисниците, а создавачите на програмата сакале да воведат посложено криптирање што ќе ги заштити личните податоци на луѓето. Поради сето тоа, во ноември 2017 година Актон решил да напушти.

- На крајот на краиштата, јас им ја продадов својата компанија ним. Ја продадов довербата на корисниците за големи приходи. Направив избор и компромис. Живеам со тој избор секој ден. Тимот на Закерберг претставува збир од бизнис-практика, принципи, етика и политики, со кои јас не сум целосно согласен, изјави Актон.

Притоа, тој вели дека Марк е „доста загадочен и не може да се каже нешто интересно за него".

Во март, Актон на Твитер напиша дека ја поддржува кампањата #DeleteFacebook (избриши го Фејсбук), по сознанието дека Фејсбук продава лични податоци од своите корисници за политички и комерцијални цели.