Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово - Попова Шапка

На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година (Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.
Патниот правец Крушево - с.Долно Дивјаци - с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
