Џет-Сет
22. јуни 2017 - 11:18

Актерот Тика скршен по смртта на Ѓоша: "Го предупредив но не ме слушаше"

Актерот Предраг Смиљковиќ на сите ни е познат како Тика Шпиц од серијата "Семејно богатство", каде заедно со Ѓоша кој изненадно почина на 49. годишна возраст, беа неразделни. Тој му беше најверен пријател, му беше кум, а сега не може да се помири со загубата.

- Што да ви кажам, јас сум ужаснат, не изненаден. Бев негов кум и пријател, многу ми е лошо. Го предупредував постојано да не претерува со алкохол, со храна, со се, но не ме слушаше. Немаше мера, многу тешко ми падна оваа вест, вели Тика за српскиот Еспресо.

Инаку, актерот зад себе остави сопруга и две ќерки.