Актерот Бранислав Лечиќ обвинет за силување
– Актерката Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс.
Штајнфелд пред неколку дена беше повикана во Вишото јавно обвинителство на покана на обвинителет за да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборуваше за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее, соопшти Нова.рс.
Како што дознава тој портал, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криела од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, изјавувајќи дека тој ја напастувал пред неколку години, додека таа работела на еден проект со него.
По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде повикан да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.
- Не можам да коментирам толку чувствителна тема се додека не добијам покана од Обвинителството и не добијам црно на бело дека сум обвинет за такво нешто, изјави актерот Бранислав Лечиќ, по повод наводите на актерката Даниела Штајнфелд на Вишото јавно обвинителство дека е силувана од него, пренесува Нова.рс.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
-

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
