Бизнис
15. јуни 2016 - 20:12

Акредитацијата - Пасош за излез на странските пазари

Со акредитација до полесен излез на странските пазари. Овие сертификати се единствен пасош за безвизен режим во меѓународната трговија. Освен што производите и услугите на акредитираните компании можат да се извезуваат без дополнителни испитувања во странство, нашите компании кои се акредитирани можат да учествуваат на меѓународни тендери, потенцираат од Институтот за акредитација. Досега има издадено 189 вакви сертификати на лаборатории од различни сектори, а 40 се во постапка за сертифицирање

Бројот на акредитирани тела во изминатите години постојано расте. Од Институтот сметаат дека компаниите се запознаени со предностите кои ги нуди акредитацијата, за зголемување на конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар.

Вкупно 33 нови лаборатории, инспекциски и сертификациски тела се акредитирани изминатата година, а 30 се реакредитирани.