-->
-->
Акраповиќ: Имаме ритам и тука е нашата шанса
-->

Единствениот македонски преставник во европските купови, ФК Шкендија ја очекува нов предизвик во 3. квалификациско коло во Лига Европа и тоа против 4. пласираната екипа во Чешкото првенство Млада Болеслав. Средбата се игра на Филип Втори в четврток во 20 часот.
„Очекувам мечот со Млада Болеслав ќе биде извонредно тежок. Противникот е анализиран и незгодни сè затоа што директно се пласирани во оваа квалификациска рунда. Ова ќе биде најтешкиот противник до сега. Треба да влеземе сконцентрирано и тоа ќе биде клучот за да го добиеме овој меч. Моите играчи знаат дека клучот е сработеното на тренинг да го прикажат и утре на теренот и единствено на таков начин можеме да го добиеме утрешниот меч. Имаме информации за слаобостите на противникот, но секако дека нема да ги откриеме. Предноста ја гледам во нашата воиграност. Ние до сега одигравме четири натпревари и влезени сме во ритам додека противникот директно дојде во оваа рунда од квалификациите. Млада Болеслав има многу нови играчи, се вклопуваат и мислам дека им се потребни уште натпревари за да ја добијат вистинската форма и тука е нашата шанса. За играчите ова е бајка и секогаш им велам да останат како една целина. Само така можеме да направиме успех " изјави Акраповиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
