Ако ви се јави непознат број и ве праша „Дали ме слушате?“ во никој случај не одговарајте, веднаш спуштете слушалка!
Ширум светот, повикот од непознат број со прашање „Дали ме слушате?“ е означено како црвен аларм и тоа од страна на полицијата.
Целта е од вас да го слушнат зборот „да“ и со тоа ќе ве „држат в рака“. Полицијата ширум светот ова предупредување го сфатиле многу сериозно, откако голем број на луѓе пријавиле ваков повик како и дека после тоа биле вознемирувани.
Доколку ви се јави непознат број и ве праша „Дали ме слушате“, а гласот при тоа може и да биде од робот, а вие да не сте свесни по што вашиот одговор „да“ се снима.
Вашиот одговор „да“ тие ќе го искористат како потврда за да ви наплаќаат услуги за кои не сте прифатиле. „Да“ ќе го користат како доказ дека вие сте ја прифатиле услугата за која тие подоцна ќе ви наплатат. За среќа вашиот одговор не значи дека вие навистина сте го прифатиле тоа.
Добра страна е што и покрај тоа што вашиот глас е снимен, не би можеле да ви наштетат се додека не го имаат бројот на вашата картичка. Сепак, за секој случај доколку добиете ваков повик и одговорите со „да“ веднаш пријавете во полиција. И секако, проверувајте си ги кредитните картички и сметките кои ви пристигнуваат, за да не се случи да платите за нешто за што не сте прифатиле.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта