Македонија
20. April 2021 - 20:32

Ако не ги добијат субвенциите на протест излегуваат и сточарите

Пелагониските сточари денеска од пред подрачната единица на Министерството за земјоделие во Битола најавија протест пред Владата доколку до 1 мај не им бидат исплатени субвенциите за 2020 година.

-Затоа што крајниот рок наближува, а кај нас има големи проблеми, доаѓа сеидба, ѓубривата нагоре, нафтата оди секој ден нагоре, краен рок министерството да преземи мерки да се исплатат барем дел од субвенции, вели Тони Алчевски, претседател на здружението Пелагониско поле Могила 

- После први ако не бидат исплатени, ќе одиме да блокираме пред Влада. Тие јадат и пијат, а нашите субвенции стојат околу 20 месеци, вели Борче Бучински. сточар 

- Поминаа и сите лаги досега што ги кажуваа , петти месец сме, средбата почна а пари нема. Како да преживееме ние сточарите 365 дена не знам. Треба да се свести владата дека овие луѓе храна произведуваат, вели Тони Петковски, Сточар.

Од Министерството за земјоделие велат дека согласно календарот, исплата на субвенциите ќе се изврши најдоцна до крајот на јуни, а до овој датум, а исплатата течела редовно.

Од Министерството велат дека ги разбираат сточарите, но ги замолуваат и тие да имаат разбирање бидејќи целиот процес бил многу успорен поради пандемијата. Апелираат до земјоделците да бидат спокојни, да имаат доверба и трпение. Најважно е дека субвенциите ќе бидат исплатени, велат од министерството за земјоделие.