Ракомет
23. January 2018 - 22:08

Ако го пропуштивте, погледнете: Најубавиот гол против Чешка го даде Велковски

Мартин Велковски почна од првата минута на дуелот против Чешка и има два гола после првото полувреме.
 
Едниот од погодоците веќе е меѓу најдобрите акции во вториот круг на шампионатот и досега дефинитивно најубавиот на дуелот против Чесите.
 
Очигледно денот одмор влијаеше позитивно кај него и успеа да ја преброди кризата, така што почна да го игра она што се очекува од него.
 
Успеа да покаже дека може да биде од корист во нападот на репрезентацијата, а каков гол постигна погледнете во видеото.