АКМИС системот во Апелција правилно воден, ќе се проверува и во Врховен
Проверката на АКМИС-системот во Апелацискиот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско, информира денеска судијата Лазар Нанев, кој е претседател на комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите.
- Би можело да се рече дека постапувањето е законско, изјави Нанев пред одржувањето на денешната дебата за зајакнување на улогата и независноста на судиите во Македонија.
Нанев најави дека во наредните денови ќе биде направен увид на АКМИС и во во Врховен суд, по што ќе излезат со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проведруваа системите за распределба на предметите.
Комисијата претходно изврши проверка на АКМИС системот за распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд.
Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.
Ново на Сител
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка