Акинџи ќе побара патна карта за Кипар

Преговорите за повторно обединување на Кипар би можеле да продолжат по седми април, ако кипарскиот Парламент реши да ја коригира одлуката за задолжително обележување во училиштата на годишнината од референдумот во јануари 1950 година, кога кипарските Грци се одлучија за обединување со Грција, изјави лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.
Тој наведе и дека на средбата на втори април со специјалниот претставник на Обединети нации за Кипар, Еспен Барт Ајде во Никозија, на која ќе учествува и кипарскиот претседатал Никос Анастасиадис, ќе побара да биде определена патна карта со следните чекори за решавање на кипарскиот проблем.
Акинџи по средбата со британскиот претставник Џонатан Ален истакна дека е погрешен впечатокот дека преговорите се водат единствено во насока за прифаќање на мерки за зголемување на довербата меѓу двете етнички заедници.
Тој побара и ОН да ги засилат дипломатијата без истата да се претвори во арбитража.
Преговорите за обединување на Кипар беа прекинати откако Акинџи се повлече во знак на протест откако кипарскиот Парламент одлучи годишнината од референдумот од 1950 година да се одбележува во училиштата.
Ново на Сител
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
