Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок

На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети).
При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци.
Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
