Македонија
10. February 2017 - 15:18

Акција за собирање отпадни гуми во Вардариште

Околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила собрани се во акцијата во населеното место Вардариште и предадени се на фирма овластена за постапување со ваков отпад.

Акцијата за собирање отпадни гуми во Вардариште ја реализираше комуналната инспекција и инспекција за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба.

На оваа локација, како што соопшти општина Гази Баба, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.

- Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, стои во соопштението од општина Гази Баба.