Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром
Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведуваат акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Граѓаните кои имаат кабаст отпад од 7 до 9:30 часот ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради. Потребно е да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за да можат непречено да го соберат отпадот.
В сабота акцијата ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Ново на Сител
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот