Акција за рачно миење на градските улици и булевари во Скопје
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вчеравечер почнаа генерална акција за рачно миење на градските улици и булевари во Скопје.
- Акцијата се одвиваше во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот, а во текот на изминатата ноќ рачно со автоцистерни беше измиен коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ кон центарот на градот, соопшти Град Скопје.
Миењето на градските улици и булевари во централното градско подрачје ќе продолжи во наредните денови, во зависност од временските услови, а потоа акцијата ќе се прошири и во другите скопски општини.
- Целта на оваа активност на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ е да се подобри хигиената на јавните градски површини. За акцијата ќе бидат ангажирани три цистерни и едно помало специјално комунално возило ВАП кое ќе послужи за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата „Македонија“. Паралелно со акцијата за рачно миење на градските улици и булевари ќе се одвива и редовното машинско миење на коловозите, со цистерни, наведува Град Скопје.
Ново на Сител
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово