Акција за чистење на просторот во Клинички центар

Акција за чистење на просторот во комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје денеска спроведуваат Службата за заеднички и општи работи при Клиничкиот центар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Акцијата, како што информираат од Министерството за здравство, се спроведува со поддршка од јавните претпријатија на Град Скопје, „Градски паркинг", „Комунална хигиена", „Паркови и зеленило" и депонијата "Дрисла".
Директорката на Заеднички служби Шкодране Дарлишта, информира дека акцијата е почната во 8 часот изутрина и опфатен е просторот меѓу сите клиники, со собирање отпад, миење улици, средување на зеленилото, а се чистат и чекални, ходници и лифтови во клиниките.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши дезинфекција на депоата каде се собира комунален и медицински отпад.
Ново на Сител
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
