Акција за чистење на коритото на Маркова Река
Акција за чистење на коритото на Маркова Река спроведува општина Кисела Вода. Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани се два тима на сезонски работници кои во текот на вчерашниот и денешниот ден, интензивно работат на отстранување на гранки, тиња и песок, како превенција од нивно поголемо таложење, што би довело до намалување на пропусната моќ на реката и нејзино излевање во случај на обилни дождови, соопшти општина Кисела Вода.
Се работи во месните заедници Пинтија и населба Драчево, каде на сезонските работници им помагаат и жителите на овие две урбани и месни заедници, чии домови се наоѓаат во близина на Маркова Река.
Акцијата за чистење на Маркова Река ќе трае до конечното расчистување на нејзиното корито и се спроведува по вторпат годинава. Неодамна, општина Кисела Вода спроведе редовно превентивно чистење и на каналот за отпадни води во месноста „Потстаница” (Црниот канал), како и на реката „Мала Рада” во селото Драчево.
Од општина Кисела Вода апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво