Македонија
16. July 2016 - 9:07

Акција за чистење и уредување на Кањон Матка

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе го посети локалитетот Кањон Матка каде што се спроведува акција за чистење и уредување на просторот.

Акцијата за чистење и уредување на просторот се спроведува на иницијатива на министерот Амети. Таа, како што е најавено, ќе започне од кајакарската патека на Матка.