Македонија
16. March 2017 - 14:13

Акција за бесплатно мерење очен притисок во Гостивар

Здружението на офталмолози и Клиниката за очни болести-Скопје, денеска во Гостивар спроведоа акција за бесплатно мерење на очен притисок, како дел од актвностите за одбележувањето на Светската недела на глаукомот. На пунктот на градскиот плоштад, граѓаните добива и совети како да го заштитат и зачуваат здравјето на очите. 

Активноста, како што беше кажано на прес-конференцијата е во насока на превенција од глауком, болест која се смета за втора водечка причина за слепило.

- Искуството кажува дека во ваквите акции се откриваат и до 30-тина пациенти со покачен очен притисок на кои понатаму им е потребен соодветен третман. А оваа акција има за цел, граѓаните да се информираат околу заболувањето и да се подигне свеста за важноста од навремено откривање, изјави д-р Илјаз Исмаили, директор на Клиника за очни болести - Скопје.

Според податоците кои беа презентирани, во Република Македонија од глауком се заболени околу 20 илјади луѓе. Болеста често завршува со намалување на видот и со слепило.