-->
-->
Акција на СВР Охрид за поголема свест на граѓаните за примена на мерките за заштита од Ковид-19
-->

Службеници од Одделението за превенција на СВР – Охрид денеска спроведоа акција со цел подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19.
Полицајци заедно со волонтери на Црвениот крст на граѓаните во Охрид, Струга, Кичево и Дебар им делеа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер – пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.
На тој начин полициските службеници покажаа грижата за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид 19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
