Акција на социјалните мрежи „Пешачи со нас“ за промоција на Европската недела на мобилност
Град Скопје, во рамките на кампањата Европската недела на мобилност, ќе додели награда електричен тротинет – Xiaomi Mi Electric Scooter, за фотографија со мотив пешачење или возење велосипед, тротинет или автобус, која ќе добие најмногу лајкови на социјалните мрежи. Наградната игра почнува денеска, а ќе трае до 21 септември.
-За промоција на Европската недела на мобилност, иницираме акција на социјалните мрежи „Пешачи со нас”. За да учествувате во акцијата, треба да споделите фотографија или видео како пешачите или пак како се возите со вашето омилено превозно средство (велосипед, тротинет, автобус) на сопствениот профил, и да го означите вашиот пријател со цел да го направи истото, информираат од Град Скопје.
Под фотографијата треба да напишете: #пешачисонас. Вашиот профил мора да биде јавен односно public за да може сите да се види фотографијата.
Акцијата на Град Скопје трае до 21 септември (сабота), а крајното време за собирање на лајкови е 20 часот.
-Наградата ќе биде доделена на финалната церемонија, односно во недела во 11:30 часот под Скопската Тврдина – Кале, информираат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија