Македонија
6. September 2019 - 12:04

Акција на полицијата - казнети 40 мотоциклисти, задржани 13 мотори

Тешките сообраќајните инциденти предизвикани од моторџии во изминативе два дена, ја принуди полицијата на засилена акција.

Во текот на изминатата ноќ полициските службеници на улиците низ Скопје казниле 40 моторџии, а одзеле и 13 мотоцикли.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со контролите со цел ставање крај на дивеењето на поединците на улиците на главниот град. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, информираше дека до 31 август, изречени се илјада казни на моторџии.

Се подготвува и измена на законот, со кој, според Ангеловски, ќе се стави поголем ред во сообраќајот.

Горан Симоновски