Акција на Македонците од Пустец и Голо Брдо за помош на настраданите од земјотресот

Етничките Македонци во соседна Албанија, меѓу првите, се организираа во собирањето материјална и финасиска помош, за настраданите во Драч,Туман,Тирана и Лач од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември.
-Најмасивно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Пустец. Во собирањето помош, се вклучија сите девет села од областа Мала Преспа, пренесува електронското издание на едиствениот весник на македонски јазик „Илинден“.
Акцијата се води организирано и координирано од страна на градочалникот на општина Пустец, Пали Колефски и претседателот на и Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ) и пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски.
– Акцијата продолжува и понатаму, сега главно со финансики прилози, зашто веќе е прибрана и испорачана помош во храна, прехранбени артикли, вода, сокови, средства за одржување на хигиената. Голема благодарност до Македонците од Пустец и од Голо Брдо кои масовно се одѕваа на иницијативата со. Македонците ја потврдија хуманоста по која се познати, изјави Стерјовски за МИА.
Стерјоски, информираше дека викендов во Охрид, ќе заседава Централниот комитет на партијата, кој треба да избере потпретседател, генерален секретар, како другите органи на партијата.
Посочи дека седницата ќе биде искористена за договор, околу натамошното спроведување на собирната акција на производи и финасиски средства за настраданите од земјотресот.
Весникот „Илнден“ наведува дека во акцијата за собирање помош, активно се вклучени и верниците од Мала Преспа, преку тамошната православна црква.
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
