Македонија
11. September 2015 - 16:34

Акција: 11 лица уапсени во тетовско

11 лица претежно од Тетово и Дебар завршија во рацете на полицијата, а околу 2 килограми марихуана, половина килограм хероин и помала количина кокаин во депото на МВР. Сите приведени, биле дел од организирана криминална група која покрај дома делувала и надвор од границите на Македонија. Продажба и транспорт на дрога, и криумчарење илегални бигранти биле нивните активности.

МВР во соработка со полициите на Србија и Албанија вчера, но и во текот на изминативе 4 месеци им влегла во трагите, по што вчера биле уапсени и најголем број членови на криминалната група.

Поради дополнително обезбедување на доказен материјал полицијата извршиле и претреси на неколку локации во Дебар и во тетово, каде била пронајдена и дел од дрогата.

Две од приведените лица во два наврати во ноември минатата и јануари оваа година од непознати лица набавувале дрога за понатамошна продажба. Полицијата во неколку наврати успеала да документира препродажба на дел од дрогата, а дел ја пронашла и во автомобил во кој се превезувале дел од членовите на групата.

Регитриран е и случај на криумчарење мигранти до Граничниот премин Богородица до Неготино каде во комби биле пронајдени шест мигранти.