-->
-->
Академик Живко Попов избран за нов претседател на МАНУ
-->

Живко Попов е нов претседател на МАНУ. Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Попов.
Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.
Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар.
На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
