Бизнис
18. April 2018 - 20:00

Академик Таки Фити: Предвидениот раст е остварлив, но не е доволен

Предвидениот раст на БДП е оствралив, ама не е доволен. Вака академик Таки Фити ја коментира најновата проекција на ММФ за растот на македонската економија годинава. Вели растот мора да се забрза или во спротивно земјава уште долго ќе каска зад европскиот просек.

ММФ во најновиот извештај вчера прогнозираше раст на економијата од 2,8% што е помалку во однос на есенските прокеции, но и од владините прогнози за раст од 3,2%. Според Фити, постојните показатели велат дека проекциите ќе бидат реализирани.

И анализите на НБРМ покажуваат позитивев тренд во економските движења во последните месеци. Гувернерот Богов најави дека на почетокот на мај, централната банка ќе излезе со најнови прогнози за растот на економијата годинава. Лани земјава после подолг период прв пат беше во стагнација.