Академијата за судии и јавни обвинители ќе добие нов директор
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска треба да именува нов директор на Академијата. Именувањето на нов директор е втора точка на дневниот ред на 221. седница на Управниот одбор на Академијата закажана за денеска во 15 часот.
Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август годинава, откако поранешната директорка Наташа Габер-Дамјановска поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.
По истекот на рокот за пријавување од 15 дена сметано од денот на неговото објавување во Службен весник, на огласот се пријавиле вкупно петмина судии и двајца обвинители.
На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите, се имаат пријавено Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола.
Ново на Сител
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение
-
Коалицијата Вреди веќе има подготвено Закон за правична застапеност, се чека договор
-
Средба Тошковски - Дачиќ во Куманово
-
Министерката за финансии очекува до крајот на годината фирмите да можат да аплицираат
-
Се одбележува светскиот Ден за подигнување на свеста за менталното здравје
-
Депонијата Буково ја загадува околината
-
Преглед на вести од светот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот