„Академија за млади лидери“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Владата која што ја предводев од 2006 до 2016 беше фокусирана на ЕУ-интеграциите. Во овој период добивме неколку позитивни препораки за отворање на преговорите од страна на Европската комисија, но за жал поради билатералниот проблем со Грција, процесот не започна.
Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е во оставка, на „Академија за млади лидери - дијалог за градење силно општество“ во организација на подмаладокот на партијата - Унијата на млади сили.
- Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија низ привлекување странски директни инвестиции, скратување на административните процедури, стимулирајќи го внатрешниот раст и бенефициите за младите претприемачи, донесоа конкретни резултати, рече Груевски.
Според него, способноста на политичките лидери да прават добро е неограничена, особено за прашања што се важни за граѓаните.
- Вредностите на нашата десноориентирана идеологија треба да се прилагодат на потребите на современото глобално општество. Тоа значи да се работи заедно, да се споделуваат идеи и да се креираат политики за посилна и инклузивна Европа, порача Груевски.
На академијата што се одржува од 14-17 декември во Скопје, учествуваат над 50 млади политичари од Европа, кои се членови на ЕДС, подмладокот на Европската народна партија (ЕПП).
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
