Џет-Сет
18. February 2016 - 12:34

Ајла Фишер призна: Борат воопшто не ми е духовит ниту забавен

Глумицата Ајла Фишер (40) вели дека од сите ликови кои ги толкува нејзиниот сопруг Саша Барон Коен (44) најомилен и е австрискиот моден геј новинар Бруно. 

- Уреден е и депилиран, а Борат ми е здодевен, вели Ајла.

Инаку, Барон Коен и неговата сопруга особено се чувствителни на децата оти се и тие самите родители на две ќерки и син.

Двојката неодамна донираа голема сума пари за децата во Сирија.