-->
-->
Ајфеловата кула го пречекува 300-милионитиот посетител
-->
Ајфеловата кула денеска, со низа концерти ќе го пречека 300-милионитиот посетител од своето отворање во 1889 година досега.
- На приземјето ќе има тапани, на вториот кат амбиентот ќе биде џезерски, а на врвот на кулата атмосферата ќе биде романтична, со трио флејти. На секој половина час, се до полноќ, ќе има специјално „лајт шоу“, соопшти компанијата СЕТЕ, којашто управува со кулата.
Ајфеловата кула е еден од најпопуларните споменици во светот, а само минатата година привлече повеќе од 5,8 милиони туристи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор