Свет
23. September 2020 - 14:00

Ајфеловата кула евакуирана поради закана од бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана заради закана од бомба. Полицијата утринава изврши обиколка, а полициски тимови за бомби го пребаруваат целото подрачје.

До тоа дошло откако полицијата примила анонимна дојава за поставен експлозив, пренесуваат француските медиуми.

Сите патишта кои водат до Ајфеловата кула се затворени, а на жителите им е речено да го заобиколуваат тоа подрачје, пренесува Дејли мејл.