Ајде: Преговорите за Кипар се пред напредок или пред целосен колапс
Специјалниот пратеник на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде предупредува на веќе видливата криза во процесот на преговори за повторно обединување на островот, јави грчкото издание Њуз.ин, повикувајќи се на агенцијата АНА-МПА.
„Ние сме на прагот на голем напредок или пред целосен колапс“ ја опишува Ајде ситуацијата во преговорите за островот.
Во интервју за дописникот на кипарскиот турски весник „Халкан Сеси“, во Њујорк, пратеникот за Кипар предвидува дека ќе се случи или првото или второто.
Тој верува дека нема многу теми што остануваат нерешени на преговорите за Кипар, но подвлече дека тие се важни.
- На хоризонтот се забележува криза, што се однесува на истражувањата за откривање на природен гас. Не верувам дека таа ќе мине сама од себе. Напротив, гледам дека таа се „приближува“, изјави тој.
Еспен Барт Ајде истакна дека добил некои идеи од генералниот секретар на ОН, кои ќе ги сподели пред се со лидерите на двете заедници во Кипар. Тоа се идеи за тоа што може да се направи за да им се помогне на двајцата лидери да направат последен обид за решавање на проблемот. Нема простор за арбитража, ниту, пак, за некаков нов „план Анан“, дополни Ајде.
Атина и Никозија се убедени дека специјалниот пратеник на ОН за Кипар дејствува пристрасно во корист на турската страна во своите напори за повторно обединување на островот и е подложен на остри критики од страна на кипарскиот претседател и на министерот за надворешни работи на Грција.
Портпаролот на ОН, по разговорот со Ајде, изјави дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повикал кипарските лидери да ги вложат сите свои напори за постигнување спогодба, „имајќи го предвид ризикот дека времето на преговорачкиот процес истекува“.
Кипар е поделен од 1974 година, откако Турција упадна на островот како одговор на превратот на приврзаниците на идејата за обединување со Грција. Турција не го признава Кипар како држава, туку само Турска Република Северен Кипар каде има свој воен контингент од 35, 000 војници.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, постигнаа голем напредок во преговорите, што се водат последните две години. Но, процесот загуби во темпо во последните три месеци на одгласите за взаемни обвинувања.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци