„Ајде Македонија“ по петти пат ќе организира акција за чистење на отпадот
Движењето „Ајде Македонија“ денеска ќе ги презентира планираните активности за претстојната петта по ред акција „Македонија без отпад 2016“.
Презентацијата ќе се одржи во „Јавна соба“, а покрај планираните активности ќе биде прикажан и промотивен спот.
Акцијата за читење на отпадот годинава ќе биде поддржана од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Цивика Мобилитас“.
Минатата година во рамки на глобалната акција „Да го исчистиме светот“ беше организирана акција за чистење на дивите депонии во Македонија во која учествуваа 20 илјади волонтери.
Глобалната акција „Да го исчистиме светот“ започна во 2008 година во Естонија како граѓанско масовно движење кога се собраа 50.000 граѓани и ја исчистија земјата за само пет часа. Сега ова движење има меѓународен карактер, се одржува во 112 држави со преку 13 милиони учесници.
Македонија се приклучи кон ова движење на 6 октомври 2012 година со организирање на над 440 отпадни локации во 54 општини, во кои беа вклучени над 55.000 граѓани и отстранети 60.000 м3 отпад.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив