АИ со критика поради забраната на невладини организации во Турција

Забраната на невладини огранизации во Турција, која беше најавена денеска, „е дел од систематскиот процес на турските власти за целосно да го замолкнат секој критички настроен глас“, изјави директорот на оранизацијата Амнести интернешанл за Европа, Џон Далхузен.
Според организацијата, турските власти денеска отпуштиле уште 15.000 државни службеници, војници, полицајци и други службеници и затвориле над 500 институции, поради сомневање за поврзаност со неуспешниот обид за преврат во јули, за кој властите го обвинуваат движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Во соопштението на АИ, објавено денеска, се наведува дека од турските вооружени сили се отпуштени 1.988 лица, од полицијата 7.586, од жандармеријата 403, од државните институции над пет илјади. Затворени се над 550 институции, 18 добротворни организации и девет медуми.
Од јули досега бројот на отпуштени лица во врска со неуспешниот обид за преврат достигна 110 илјади лица.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
