АИ: Курдските сили ги уништуваат арапските села во Ирак

Меѓународната невладина организација „Амнести интернешенел“ (АИ) денеска ги обвини курдските сили во Ирак дека намерно ги уништаваат арапските села што се под нивна контрола.
Во извештајот на АИ се наведува дека курдските сили со булдожери срамниле, кренале во воздух или запалиле илјадници куќи во арапските села на подрачјата кои овие сили ги зазеле од Исламска држава, пренесуваат американските медиуми.
Курдските сили, познати и под називот пешмерга, во борбата против џихадистите имаат подршка од САД, која им помага со воздушни напади, со разузнавачки податоци и програми за обука.
АИ наведува дека курдските сили ги уништуваат арапските села во знак на одмазда за тоа што овие арапски заедници, наводно, ја поддржуваат ИД.
Овие арапски села под контрола на курдските сили дојдоа минатата година, кога во офанзива од нив ги потиснаа џихадистите.
Исламска држзава и натаму контролира големи подрачја во Ирак, кои ги освои во летото 2014 година.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
