АХВ во засилени контроли во продавниците и угостителските објекти
Месарниците, рибарниците и сите објекти кај што се продава и служи храна од животинско потекло, од денес под засилен инспекциски надзор. Агенцијата за храна и ветеринарство во пресрет на новогодишните празници спроведува засилени контроли. Целта е да се спречи продавање и служење на небезбедна храна, и евентуални труења и инфекции кај граѓаните.
Поповски информираше дека покрај специјализираните продавници за храна инспекторите ќе ја проверуваат и храната што се продава на зелените пазари.
Контролите се спроведуваат на целата територија на државата а ќе бидат опфатени и туристичките места. Според надлежните во последниве години свеста кај угостителите и продавачите на храна е на многу повисоко ниво од порано. Ова резултира со многу ретки случаи на труења предизвикани од небезбедна храна.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар