-->
-->
АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-->

До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.
Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот е пласиран на македонскиот пазар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
