АХВ: Пијалокот „Ламар“ ги има поминато сите законски и безбедносни процедури

Агенцијата за храна и ветеринарство во денешната реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски нагласува дека пијалокот Ламар ги има поминато сите законски и безбедносни процедури пред да биде пуштен во продажба.
- Агенцијата за храна и ветеринарство најостро реагира на инсинуациите со кои втор ден техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски ги малтретира и замајува граѓаните, сеејќи страв дека е доведено во опасност и загрозено нивното здравје. Само за Николовски постои скандал во увозот на пијалакот Ламар, кој за да влезе во земјава ги има поминато сите законски и безбедносни процедури, се наведува во реакцијата.
Оттаму посочуваат дека новиот правилник за информациите поврзани со храната, за кој Николовски тврди дека не знаеле да го протолкуваат и применуваат, во делот на означувањето, вклучително и за производот кој е увезен во земјава, имал одложена примена од една година.
- Агенцијата за храна и ветеринарство е премногу сериозна институција секојдневно да одговара на небулозните прозивки на Николовски со кои само ја замајува јавноста и сее лаги и невистини. За сите манипулации и нејаснотии со кои се служи Николовски, а кои повеќе од очигледно создаваат забуна и кај него, институцијата е отворена за разговор, соработка и за разјаснување на сите дилеми, се вели во писмената реакција од АХВ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
