АХВ одбележува 15 години постоење

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни - Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“..
На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи пристапи и решенија за справување со актуелните предизвици во овие области, воведни обраќања ќе имаат директорот на АХВ Оливер Миланов и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски.
Видео-пораки ќе бидат презентирани од претставници на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), Европската комисија и Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Во рамки на настанот ќе се одржат три тематски тркалезни маси посветени на дигитализацијата и современите системи за безбедност на храната, институционалната, научната и регионалната соработка во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна, како и за регионалната координација во областа на здравјето на животните и справувањето со новите закани и болести.
Од АХв велат дека настанот ќе обедини претставници на државни институции, меѓународни организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и професионалните здруженија од земјата и регионот со цел размена на искуства и добри практики за понатамошно зајакнување на системот за безбедност на храната.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
