АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо
Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.
За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот, официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.
Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.
Ново на Сител
-
Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица
-
Состојба на патиштата
-
Студено и магливо утро, преку ден сончево
-
Жител на кривопаланечко село пријавил физички напад од сопругата
-
Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топаанско поле
-
Отворен Ски центарот ,,Михајлово"
-
Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени
-
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е убиен