Ахмети за Заев: Едно збори по 2-3 чаши ракија, друго збори пред мене
Изјавите дека ДУИ ќе оди во опозиција Зоран Заев ги дава по испиени две-три чашки ракија, а после се кае, реча лидерот на интегративците – Али Ахмети, во интервју за „Сири ТВ“, прашан зошто во последно време „ДУИ е мета на постојани напади“ од страна на експремиерот Заев.
Ваквата забелешка на Ахмети доаѓа откако минатата недела самиот Заев, правдајќи се за изјавата во „бомбата“ дека ќе собере „и шуто и рогато“, рече дека „после 2 часа во кафана, грешки се случуваат“. Ахмети, очигледно, не пропушти да поентира:
„Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Едно зборува на митинзи, друго зборува со мене на состанок“, рече Ахмети, додавајќи дека тој, како што рече, за разлика од Заев, не е од оние кои „едно зборуваат претпладне, а друго попладне“.
„Таков е Заев, дава такви изјави. Јас не сум таков“, рече Ахмети.
Ахмети истакна дека за ДУИ е добро да победи токму актуелниот коалиционен партнер, но сепак, додаде, одлучуваат граѓаните.
Ново на Сител
-
Членки на НАТО на барање на Германија го забрзуваат договарањето нови воени цели
-
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-
Почнува 29. Светско првенство во ракомет
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39
-
Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново
-
Грчката амбасадорка ќе го посети Собранието
-
Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес