Македонија
28. November 2019 - 8:33

Ахмети во Туман и Драч, ќе ги посети граѓаните по земјотресот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска, по повод Денот на албанското знаме ќе положи цвеќе пред споменикот на „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, а потоа ќе замине за Косово каде што ќе присуствува на откривањето на спомениците на Шабан, Хамза и Адем Јашари во Дреница.

Оттука, како што информираат од ДУИ, Ахмети ќе продолжи кон Туман и Драч за да ги посети граѓаните по земјотресот во овие градови.